Рускиот претседател Владимир Путин помина викенд одмор во сибирската тајга, каде возеше џип и шеташе на снегот во придружба на неговиот министер за одбрана, објави официјален Кремљ.

Облечени во темни спортски зимски јакни и без капи, рускиот претседател (68) и министерот за одбрана Сергеј Шојгу (65) шетаа низ шумите покриени со снег, преминуваа преку висечки мост направен од јаже, гледаа диви животни со двоглед, објави Кремљ. Потоа тие посетија работилница во тајгата каде министерот Шојгу му покажа на својот шеф како го поминува слободното време во резбање дрва. „Претседателот шета со министерот за одбрана Сергеј Шојгу во Сибир“, според соопштението за печатот во кое Кремљ објави десетина фотографии од патувањето, без да прецизира каде се снимани двајцата политичари.

На неколку фотографии, претседателот и министерот се облечени во кафеави зимски јакни украсени со бело крзно, а на нивните нозе се валенки, традиционални руски чизми направени од овча волна. На една слика, тие седат на дрвена маса на чист воздух среде шумата и се подготвуваат за „закуска“. Некои фотографии ги прикажуваат како расположени и насмеани возат теренско возило управувано од Владимир Путин.. Рускиот претседател со години го негува имиџот на силен човек во медиумите, редовно покажувајќи дека е во одлична физичка форма.

Кремљ веќе објави фотографии и снимки од неговите патувања во сибирската тајга, каде учествувал во риболов, управувал со брод или се сонча гол до половината.

Не треба да заборавиме на снимките од неговото возење во подморница на дното на Бајкалското Езеро, како управува автомобил Формула 1 и воен авион, како и совладува див тигар, додава агенцијата Франс Прес.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *