„Уни Банка“ објави видео на социјалните мрежи, во кое нивни вработени танцуваат пред експозитурата на банката на плоштад „Македонија“.
„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат na познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас.
Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“, стои во описот на видеото.

Споделената снимка веќе наиде на потсмев во јавноста, па така можеа да се прочитаат коментари на Фејсбук од типот на: „Ова доброволно или по службена „должност?“, „Трепнете ако е мобинг“, „Она кога жирантот ќе ја исплати и последната твоја рата“ итн.

Погледнете го видеото:

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *