Потрошувачките цени во Германија во август се намалија на годишно ниво, првпат по повеќе од четири години, поради намалувањето на данокот, како една од мерките во рамките на владиниот стимулативен пакет за закрепнување на најголемата европска економија од последиците од пандемијата на коронавирусот.
Федералното биро за статистика „Дестатис“ објави дека усогласената стапка на инфлација, за споредливост со податоците за растот на потрошувачките цени во другите земји-членки на ЕУ, опаѓа за 0,1 процент годишно во август по стагнацијата во јули, пренесува „Ројтерс“.
На падот на стапката на инфлација, меѓу другото, влијаеше и намалувањето на данокт (VAT), кое стапи на сила на 1 јули 2020 година, се наведува во соопштението на „Дестатис“.
Во споредба со претходниот месец, германската инфлација се намали за 0,2 проценти во август, според усогласените податоци. Целта на растот на инфлацијата на Европската централна банка е малку под два проценти за еврозоната, се вели во известувањето.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *