Од 2013 година, „Затворот во мене“ го посетија повеќе од 2.000 луѓе кои сакаат да избегаат од набиената рутина во Јужна Кореја.

Некои Корејци го користат овој импровизиран затвор за да останат во целосен мир, за кој се смета дека им носи „внатрешна слобода“. Сите оние кои сакаат доброволно да останат во овој центар и да ги почитуваат строгите правила, треба да платат од 80 евра за 24 часа.

Од самото отворање, центарот им даде можност да се смират студентите и вработените кои биле под стрес од одговорната работа во оваа држава. Во ѕидовите на „затворот“ се забранува каква било комуникација со надворешноста, што значи дека тие немаат опрема за комуникација, па дури ни часовници или огледала.
Во 28-те соби од центарот кои имаат пет квадратни метри, тие остануваат во целосна тишина, но имаат и копче за паника, ако не можат повеќе да издржат.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *