-Еее ако некој не пие алкохол, тоа е Зоран Заев, ете ја погоди работата, ја промашил целосно, вели еден Заев.

-Секако после два саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грешки, сум знаел секогаш да се коригирам, заради тоа што ниту сум го мислел тоа, вели другиот Заев.

Без разлика дали и колку време биле во кафеана или пак воопшто не биле, политичарите од највисоките ешалони, годинава често и не знаеја баш што зборуваат знаеја да бидат доста збунети.

-И даваат 3,3 милиони евра пари, со евтини услови оти таа е кредибилна… 3,3 милијарди, малку збунет изјави Заев.

Кога се донесе вонредната состојба на 16 април, не бе 16 март, како беше првата кога се донесе, 16 март, повторно збунето изјави Заев.

-Иницијативата да прогласиме вонредна седница… вонредна состојба, се извинувам, фала што ме корегиравте, го поправаа премиерот.

А на Заев очигледно не му оди со имињата. Откако го смени на државата, сега го заборави и на поранешен министер, со кого соработуваше три години.

Но покрај Заев, прилично збунет беше и човекот кој управува со кризата во Македонија, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Прогласена вонредна состојба со која што покрај другите работи на Владата и беше овозможено да носи… уредби со/под… се смешав… да носи уредби со законска сила, малку збунет изјави Стојанче Ангелов.

Премиерот најде и нов начин за битка против короната.

Донесовме одлука и КЛЕТВА да не ги фаќа,оти па ги колнат многу по ова… Но, само така може да се избориме против ковид кризата, изјави Заев.  

Заев ни откри и малку познати детали од преговорите со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас.

После саат време разговор, вели Зоран уште еден проблем, кој проблем, нов проблем реков. Вика нов е проблемот. Што е проблемот Алексис? Вика имаш многу убава ќерка, викам а ти син да не имаш, вели имам два. Викам еве го бе Алексис, ќе го постигнеме сега договорот, малку ќе попуштите за името, јас ќе ја дадам ќерката, ние немаме море, ќе дадете едно острово. Така да пополека ќе го најдеме и решението, изјави Заев.

Покрај премиерот кој претходно ги покажуваше своите лингвистички способности ги покажа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Покрај политичарите од власта, можеби помалку, но подложни на киксови и гафови си беа и од опозицијата.

Годинава Македонија си доби и пандан на Оскарите, овој пат во Лозово, каде една од наградите ја доби ни најмалку, а ни најмногу, ќерката на градоначалникот Аце Велковски.

Грешки и гафови како годинава се случувале претходно, но ретко кој политичар има доблест да го признае тоа, еден од нив сепак не е собранискиот спикер Талат Џафери.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *