Што се случува со сметките за струја за месец јануари? Граѓаните се жалат, но кој има слух за нив? Превисоки сметки за струја им стигнаа на граѓаните за месец јануари, кои биле и дупло повисоки за разлика од сметките во декември.

– Живееме во стан и се грееме на дрва. Во декември сметката за струја ни беше 1500 денари, а сега 4.000. Од каде оваа бројка. Ние дома сме двајца членови. Секој јануари една иста приказна со сметките, вели Десанка од Маџари.

Граѓаните обвинуваат дека е очигледно дека сметките се пишувани од рака и дека никој не поминал да ги прочита броилата.

-Плата 15.000 денари, а сметка за струја 6.000 денари. Минатиот месец 3.000, сега 6.000. Не знам веќе каде живееме, кој мисли на нас, какви права имаме, кој не заштитува. Лудило владее во Македонија, вели Нада од Лисиче.

И минатата година во јануари беше исто. Тогаш плативме 7.500 денари струја, а наредните два месеци ни доаѓаше само по 500 денари. Ама како да издвоиш од плата од еднаш толкава сума. Работиш само за сметки. Од ЕВН информираа дека нивна законска обврска е читањето на броилата да биде еднаш годишно, а не секој месец.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *