Во земјава има 101 централа што произведува струја од сонце и ја продава по повластена цена. Затоа што сонцето е обновлив извор на енергија и не загадува. Податоците покажуваат дека струјата од сонце освен што е добра за животната средина воедно е и повеќе од добар бизнис

Сонцето е извор на животот на нашата планета и без него не може да се замисли нашето постоење и опстојување. Освен што дава живот, сонцето дава и електрична енергија. И е солиден генератор на приходи токму неговата трансформатација во електрична енергија. Тој процес бара студиозен пристап кој започнува со детално планирање, поседување земјиште, собирање документација и дозволи, проектирање и изведување на фотоволтаична централа. И за сето тоа се потребни значајни финансиски средства. Затоа што сонцето е обновлив извор на електрична енергија многу држави во светот и речиси сите европски земи вклучително и нашата Македонија имаат политика на поттикнување на вложувања во централи кои од сонце произведуваат струја. Таа политика се состои во тоа што во крајна линија производителите кои вложуваат во вакви системи добиваат државна гаранција дека во одреден временски период ќе добиваат повластени цени за произведенета струја и дека целото производство ќе им биде откупено. И секако нема да плаќаат пенали ако промашат со прогнозата за производство. Секако затоа што оваа електрична енергија не ја загадува животната средина.

Во земјава според официјалниот регистар на МЕМО, државна компанија задолжена да ги исплаќа повластените производители на електрична енергија од обновливи извори има вкупно 197 компании производители на струја од обновливи извори: сонце, био гас, био маса, ветар и вода. Од нив најбројни се сончевите централи и нив ги има вкупно 101 производител на струја од сонце.

Кои се најпрофитабилните производители на електрична енергија од сонце?

Иако релативно мали производители, нивната ефективност воопшто не е за потценување. Меѓу регистрираните производители на електрична енергија од сонце. Според официјални достапни податоци од ЦРМ за лани меѓу најуспешните производители на електрична енергија има четири соларни централи и уште две компании кои се регистрирани за производство на струја од сонце иако не се во регистарот на МЕМО (што значи дека не добиваат повластена тарифа). За жал на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика ги има повластените цени за производителите на струја од ветар, вода, био гас и био маса, но ги нема тарифите за сончевите производители.

Солар Спектар , скопска компанија е регистрирана како производител на електрична енергија, но не е на листата повластени на МЕМО достапна на следниот линк. Лани ова друштво чиј сопственик е Горан Мојсоски остварило приходи во износ од 1,97 милиони евра и тоа е за 10 отсто повеќе од 2018 година. Профитот на друштвото лани изнесува 147.000 евра и тоа е два пати повеќе од добивката во 2018 година.

Мега Солар е најголем повластен производител на сончева електрична енергија. Лани приходот на ова друштво во кое сопственик е друштвото „ПВ – Инвест Западен Балкан“ изнесува 591.000 евра што е за 2 отсто повеќе од 2018 година. Добивката изнесува 291.000 евра и е 6 отсто поголема од претходната година.

Според остварените приходи лани следува повластениот производител АБ Солар со приход од 399.000 евра што е за 4 отсто подобар резултат од 2018 година. Добивката на друштвото лани е 290.500 евра. Друштвото е сопственост на Милан Петровски и Сашо Ефтимоски.

Идентичен приход остварил уште еден соларен повластен производител. Тоа е битолската компанија Торпедо Солар во која партнери – сопственици се Љупчо Трпезановски и Драган Ѓерзовски. Приходот лани од продадена струја произведена од сонце по повластена цена изнесува 399.000 евра што е за 3 отсто подобро од 2018 година. Добивката изнесува 243.000 евра и тоа е за 9 отсто повеќе од претходната година.

Следува скопското друштво „Отворена Енергија“ сопственост на Владимир Кесл кое произведува струја во близина на неготинското село Дуброво. Лани приходот од продажба по повластена цена изнесува 332.000 евра што е за 2 отсто помалку од претходната година. Добивката е 123.000 евра.

И последниот од производителите на соларна енергија кои лани имале профит поголем од 100.000 евра е ПВ – Инвест Западен Балкан кое се јавува како сопственик на најголемата соларна централа со повластена цена „Мега Солар“. „ПВ-Инвест Западен Балкан“ не е повластен производител иако е регистрирана за дејноста производство на електрична енергија. Лани нејзиниот приход изнесува 304.000 евра што е 16 отсто повеќе од претходната година, а добивката е 238.500 евра.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *