Ако планирате да го продавате својот телефон, таблет или компјутер важно е да го исчистите надворешно и внатрешно за да бидете сигурни дека никој нема да има пристап до вашите податоци.
За да спречите следниот корисник да ги гледа вашите приватни фотографии или некои лични документи на компјутерот, важно е да го вратите уредот на фабричките прилагодувања.

HowToGeek направи листа на основни работи кои е потребно да се направат за да бидете сигурни дека со продажбата не давате пристап до вашата приватност.

Направете бекап на податоците
Пред да се решите да го продавате уредот, направете бекап на податоците. Во зависност од тоа дали продавате компјутер, таблет или паметен телефон, треба да проверите дали сте ги извадиле сите потребни податоци од фотографиите до лозинките.
Укинете ја авторизацијата за уредот
Ако купувате дигитални содржини од интернет, големи се шансите тие содржини да се „заклучени“ за користење само на вашиот уред. Тоа значи дека иако сте платиле за некоја содржина, нема да може да ја репродуцирате на друг уред.

Избришете го хард-дискот
Најголем проблем за бришење на податоците има кај традиционалните хард-дискови. Има случаи во кои истражувачи успеале да извадат податоци од хард-диск кој не работи, бидејќи тие не биле темелно исчистени.

Вратете ги прилагодувањата на фабричките поставки
Кај таблет компјутерите и паметните телефони нема потреба од форматирање и преинсталирање на софтверот како кај компјутерите, па доволно е само да ги вратите на фабричките прилагодувања. Кај Android уредите, таа опција се наоѓа во Settings > Backup & reset, а кај iOS уредите е во Settings > General > Reset.
Вашиот уред ќе биде како нов
Вашиот уред сега е подготвен за продажба и би требало да биде како нов, без никакви траги од вашето користење.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *