Марија Шерифовиќ реши да стави крај на дилемата дали има некој во својот живот, посебно по информациите дека е во врска со Џејла Рамовиќ.

Овој пат, Марија направи шега на Инстаграм, а со насловот „Мојата поубава половина и јас“, објави фотографија на која во кадар е само половина од нејзиното лице, но и празното седиште во автомобилот.Инаку веќе одреден период се шпекулира дека пејачката Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со победничката на „Ѕвездите на Гранд“,

Џејла Рамовиќ, затоа што тие две се многу блиски, а дури зедно беа на летен одмор. Имено, изминатиот период српските медиуми пишуваа дека наводно Џејла секогаш кога е во Белград спие во станот на Марија и дека меѓу двете пејачки постои нешто повеќе од пријателство.

По тој повод се огласи и Марија на „Инстаграм“.„Искрено, не планирам да ги коментирам вестите во медиумите во последните пет, шест дена, но бидејќи гледам дека се вмешани и членови на нашите семејства, должна сум да ви кажам една работа. Никогаш не беше тајна дека по натпреварувањето се разви пријателство меѓу нашите семејства кое сигурно нема да заврши поради лоши идеи, намера,

наводи или било што слично“, изјави Марија и ги демантираше написите дека е во врска со Рамовиќ, па додаде: „Се што сте прочитале е огромна лага. “Не е фер да измислувате изјави на татко ми, човек кој моментално е во болница и чека операција“, изјави тогаш Шерифовиќ.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *