Без разлика дали сме свесни за тоа или не, сите ние сме на одреден начин привилегирани.

Ако го читате овој текст, тоа значи дека имате пристап до интернет и уред на кој можете да го читате, додека има луѓе низ целиот свет кои би биле среќни да имаат таква можност.

Еден корисник на Reddit ги замоли другите корисници да наведат неколку привилегии што ги имаат многу луѓе, дури и без да бидат свесни дека се привилегирани. Темата брзо стана вирална, а некои од одговорите се навистина тешки за читање.

1. Не знаете како е да се биде во состојба на војна. 2. Имате достапна здравствена нега. 3. Имате кревет. 4. Живеете без хронична болка. 5. Се чувствувате безбедно во вашиот дом (без страв од насилник во домот или провалници од надвор). 6. Можете да се држите за рака со вашиот партнер во јавност без да бидете судени или нападнати. 7. Имате пристап до свежа вода. 8. Имате семејство што ве сака. 9. Имате услови да се истуширате секој ден. 10. Имате покрив над главата. 11. Здрави сте. 12. Ги имате сите сетила. 13. Имате пријатели.14. Имате можност да се едуцирате. 15. Имате стабилен приход (дури и ако живеете од плата до плата). 16. Ја имате можноста да склопите брак со личност која ја сакате. 17. Можете да одите. 18. Родени сте без никаков физички недостаток. 19. Се чувствувате безбедно додека одите по улица, дење и ноќе. 20. Имате здрави заби (или барем достапни стоматолошки услуги). 21. Уживате основни човекови/граѓански права и слободи.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *