Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан рече дека ваквите временски проблеми се случуваат „еднаш во 100 години“.

Делови од северозападен Сиднеј ноќеска се евакуирани поради опасност од поплави предизвикани од обилните дождови, пренесува „Би-Би-Си“.

Предупредувањата за поплави се во сила во најмалку 12 области на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава со осум милиони луѓе.

Властите наредија евакуација за сите во низинските подрачја.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан рече дека ваквите временски проблеми се случуваат „еднаш во 100 години“.
Џонатан Хоу од австралиската Метеоролошка служба изјави дека покрај дождот, проблематични биле и „силните ветрови“.

Тој додаде дека обилните дождови ќе продолжат и следната недела и дека делови од Сиднеј и околината може да имаат до 200 милиметри врнежи од дожд.

Службите за итни случаи објавија дека во текот на ноќта добиле околу 600 повици за помош, а повеќе од 60 од нив биле поради поплавата.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *