За нов пораст од заболени со корона вирус информираат службите од Центарот за јавно здравје Прилеп. За денеска, петок, 30-ти октомври во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст. Во последните 24 часа 17 лица оздравеле од заразната болест. Со новиот пораст, бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко лекување.Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 724 лица.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *