Маж и жена живееле во среќен и исполнет брак цели 30 години…..На нивната годишнина од бракот, жената по традиција печела леб. Откако го испекла исекла две парчиња од топлиот леб и ги премачкала со путер.

Таа секоја година ја вадела меката средина од лебот за да му ја даде на нејзиниот сопруг, а за себе да ја остави корката… Држејќи го лебот жената помислила: „Денес, кога славиме 30-годишнина од бракот, сакам јас за појадок да го јадам парчето од средината од лебот, кое веќе 30 години му го давав на сопругот.

Бев примерна жена толку време, ги воспитав добро нашите синови и целиот живот го вложив во семејството”. Тогаш да ја прекрши трдицијата и на сопругот да му ги даде крајчињата од лебот, а за себе да ја остави меката средина. Додека ги одвојувала, нејзината рака затреперила, бидејќи прекинува традиција која трае цели 30 години. Мажот го прифатил лебот и рекол:

„Денес ми даде прекрасен подарок драга! Цели 30 години не сум појадувал од парчето со кора кое толку многу го сакам, бидејќи сепак треба ти да го добиеш тоа што најмногу го сакаш! Ти благодарам!”

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *