Мојата мајка е извонредна. Додека растев, често ја гледав како негативецот, а мојот татко како херој. Мојот татко беше Господин Чист, бидејќи тој беше домаќин долго време. Се грижеше за домаќинството, додека мојата мајка одеше на работа секое утро. Иако беше премногу зафатена со нејзината малечка продавница за чевли, успеваше да ми биде родител и мене и на уште две други деца. Таа има силен карактер и верувајте ми кога велам дека дури и најсилниот маж на светот ќе се исплаши кога ќе ја види.

Сè уште ми е свежо сеќавањето дека брзавме да ги измиеме валканите чинии во кујната и да ги избришеме масите, па и прозорците, пред таа да дојде дома. Сè што изгледаше валкано, ја лутеше. И верувајте ми, не би сакале да ја налутите мајка ми, бидејќи нема да престанете да слушате проповеди додека не го изгубите трпението и не почнете и вие да викате. Мојата мајка сакаше да нè провоцира додека не се налутевме, но откако ќе ја достигнеме точката на заситеност, потоа го преиспитуваше нашето однесување и почит кон неа. Лудо, нели?

Порано се колнев дека нема да бидам како неа кога ќе имам сопствено семејство. Но, морам да ви кажам една тајна. Неодамна забележав дека се однесувам како неа. Се претворам во мојата мајка, верзија 2. Го присвоив нејзиниот родителски стил и нема да му се извинувам на мојот син за тоа. Зошто? Бидејќи родителскиот стил на мојата мајка ме донесе таму каде што сум сега. Ова се неколку родителски лекции од мајка ми.

Таа е секогаш во право
Никогаш нема да победите во аргументите со мајка ми. Кога таа инсистира дека сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток, ќе се држи до тоа и ќе се бори до крај. Без разлика колку објаснувања ќе примените во битката, секогаш ќе бидете тој што го крева белото знаме на крајот. Сега сум ѝ благодарна за тоа бидејќи ако таа лесно се предаваше и се приспособуваше на нашите аргументи, немаше да пораснам во една решителна индивидуа. Да не беше таа, лесно ќе бев повредувана од критицизам и негативен фидбек.

Таа е „доктор-мајка“
Не сфаќајте ме погрешно. Мојата мајка нема завршено медицинско училиште. Го нема ниту довршено образованието, но е „доктор-мајка“ со сертификат. Пред да пристигнеме во канцеларијата на педијатарот, мојата мајка веќе има дијагноза и рецепт за сите нас. Речиси секогаш нејзините зборови беа исти со препораките на лекарот.

Иако беше вработена мајка, таа секогаш беше достапна за сите. Добро нè познаваше. Од храната што ја сакаме до деталите во нашата медицинска историја, па можеше да одговори на сите прашања веднаш. Затоа, кога и да бевме болни, веќе знаеше што треба да земаме како лек.

Никогаш не го завршуваше денот без да ја достигне квотата од 50 илјади збора
Мојата мајка сака да зборува. Имаме шега меѓу нас во семејството. Мојот татко секогаш ја задеваше дека таа не ја пополнила својата квота од 50 илјади збора дневно, па затоа уште ни зборува иако е време за спиење. Сега кога сум родител на 10-годишно момче, сфаќам дека додевањето е важен дел од мајчинскиот комуникациски систем. Тоа е инстинкт на секоја мајка за да го доведе домот во ред. Бидејќи го немаме целото време на светот за да се грижиме за сите семејни работи, додеваме зашто сакаме да им кажеме на децата како да ги завршат работите на правилен начин. Додеваме бидејќи не можеме постојано да бидеме со своите деца и да ги спасиме од можното зло што ќе го доживеат во животот. Постојаните потсетувања се едни од методите што ги користиме за да покажеме дека нашите деца ни значат.

Никогаш не толерирала избувнување
Мојата мајка ниту дома, а уште помалку во јавност не толерираше изливи на бес. Имаше уникатен начин за да се справи со тоа. Нејзината метода беше ефективна, а никогаш веќе немавме излив на бес откако видовме што се случи кога мојот помал брат го направи тоа. Имаше 10 или 12 години кога во трговскиот центар имаше излив на бес. Бараше да му купи играчка или нешто слично. Бидејќи бевме тесни со семејниот буџет, мајка ми не му го исполни барањето. Тој не престана со додевања додека мајка ми не реши да го остави во трговскиот центар.

Можев да ја видам грижата во нејзините очи кога му кажуваше на брат ми да си оди дома сам. Но, неколку минути подоцна брат ми почна да трча по нас додека ние стоевме покрај вратата од трговскиот. Колку и да беше тешка ситуацијата, мајка ми стоеше гордо со крената глава и ни покажа дека добрата мајка никогаш не потклекнува на неразумните и манипулативни однесувања на своите деца.

Мајка што секогаш е искрена
Мајка ми е сосема искрена. Никогаш не ги ублажува работите. Дури и ако ти го скрши срцето, секогаш ја кажува вистината. Знам дека ѝ беше тешко да нè гледа додека плачевме поради работите што ни ги кажуваше, но сепак го правеше тоа бидејќи сакаше да нè направи подобри личности. Поради нејзиниот родителски стил, пораснав во силна жена која не може лесно да биде скршена од груби зборови и коментари од други луѓе. Пораснав знаејќи како да ги употребам критиките во моја корист.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *