Англичаните кои ќе отпатуваат на одмор во странство ќе мора да платат казна од 5000 фунти според новиот закон за да се спречат патувања што не се потребни и да се заштити нацијата од инфекција со ковид-19.

Веста разочара милиони луѓе кои се надевале на празниците и предизвика денеска вредноста на акциите на туристичките компании, вклучувајќи го и „Изи Џет“, сопствениците на „Бритиш ервејс“, „Џет2“ и „ТУИ“, да падне за два до четири проценти. Обединетото Кралство има една од најтешките состојби со ковид-19 во светот, но бројот на смртни случаи и инфекции рапидно опаѓа и успешната кампања за вакцинација конечно ја враќа довербата кај граѓаните и економијата.

Но, бидејќи постепеното олеснување на карантинот започнува овој викенд, владата ги предупредува граѓаните дека можеби ќе мора да се откажат од долгоочекуваните празници во странство, пред се заради третиот бран во некои делови на Европа. „Гледаме зајакнување на овој трет бран во некои делови на Европа и исто така гледаме нови варијанти и многу е важно да се заштити напредокот што го постигнавме овде во Велика Британија“, изјави министерот за здравство Мет Ханкок за Sky News.

Велика Британија во моментов не дозволува какво било патување во странство, освен поради работа, образование или здравствени причини. Но, забраната ќе биде разгледана во април и патувањата може да бидат дозволени од 17 мај. „Новите казни за патувања ќе бидат вклучени во законот, што ќе важи до крајот на јуни во случај да не се олесни забраната“, рече министерот, следејќи ги другите коментари од официјални лица кои навестија дека забраната ќе биде продолжена.

Хенкок рече дека е сè уште рано да се каже за резултатите. “Предлог-законот, кој беше испратен до парламентот во понеделникот, ќе биде на дневен ред во четврток. Ако биде усвоен, тој се очекува да стапи на сила на 29 март”, рече тој. Тоа се однесува само на Англија, но може да биде проширено и на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Британскиот патнички сектор изгуби повеќе од 45.000 работни места, а бројот на патници на најголемиот аеродром во Хитроу е најмал од 1966 година.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *