Поминаа веќе 13 години откако Тоше Проески повеќе не е со нас. Имено неговата постара сестра Дора како и секоја година на денот на роденденот на нејзиниот брат прави торта во чест на Тоше. Оваа година уште рано утрово сподели фотографија на нејзиниот Фејсбук профил со тортата на која пишува „Те сакаме сите Тоше“.

Инаку она што е впечатливо е тоа што на тортата е насликана цреша со цветови во пролет исто како неговата песна за која и самиот истакна дека е автобиогравска песна во која се пронаоѓа најмногу. По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција по 17 пат.

Тоше беше роден на 25 јануари 1981-та година во Прилеп.

Кариерата ја започна многу млад, а со мега популарност се стекна за само неколку години. Во краткиот период на слава тој ги полнеше сите регионални концертни сали, а во Македонија ќе биде единствениот кој три пати го наполни градскиот стадион во Скопје.

Додека беше жив родендените ги прославуваше со своите блиски пријатели и колеги, а често по прославите завршуваше и на насловните страници на магазините и весниците. Таков беше и неговиот роденден кога доби и торта во форма на автомобил буба.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *