Македонската пејачка Елена Ристеска објави серија подразголени фотографија на својот Фејсбук профил, како реклама за својата нова, сопствена козметичка линија, со што привлече огромно внимание кај следбениците на социјалните мрежи.

Позитивните коментари се редеа како нишка од бисери, а имаше и такви кои не живеат во Македонија, а сепак ја коментираа убавината на Елена. Меѓу останатите свој коментар остави и еден Бугарин, кој се обиде сето ова да го искористи за дневна политика и да ја испровоцира нашата пејачка.

„Само една Бугарка може да е толку убава“ – напиша тој.Содржината продолжува после огласот

Елена Ристеска не му остана должна, па веднаш гордо и достоинствено му возврати:

„Краси Панчев, мислиш, МАКЕДОНКА!!! Чиста!“ – му напиша кратко и јасно Елена во одговорот.На бугарскиот обожавател сега веројатно му е појасно како изгледа македонската убавина. Останува само нејасно, дали и после ова бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева одново ќе ги повика нашите дипломати во минстертвото во Софија, за да им упати… протесна нота? Или подобро Елена да и испрати музички ноти преку едно свое ЦД за да слушне поубаво, на кој јазик „Доживотно“ пее убавата Македонка?

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *