Сеќавање на човекот кој со своите дела, и човечки и музички, остави неизбришлива трага меѓу фановите и пријателите во целиот регион, но и пошироко, трага која ни денес не избледува.

Во понеделник, 25.01.2021 година со полагање на цвеќе ќе се одбележи денот на раѓање на Тоше Проески. Одбележувањето на овој ден нема да понуди други содржини заради состојбата со коронавирусот.

„Годинава нема да подготвуваме настан како минатата година, но во 11:25 ч. ќе положиме цвеќе и ќе оддадеме почит на нашиот Тоше. Денес тој има достојно почивалиште, но загубата е голема и непоправлива за Крушево, неговите пријатели, семејството и фановите“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Исто така и нашите соседи ќе го прослават роденденот на Тоше Проески:

Хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“ ја најавува молитвата по повод раѓањето на најголемиот македонски пејач.

– Никогаш непрежалениот Тоше Проески на 25-ти јануари ќе го славеше својот 40-ти роденден. Прерано не напушти со едвај 26 години, но зад себе остави богата ризница во која кога денес ќе погледнеме, гледаме колку бил талентиран, пишува во објавата на „Хит рекордс“.Засекогаш со нас во срцето, 25 јануари, 40 роденден на Тоше Проески. Утре ( недела) со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, со молитва ќе се сетат на единствениот и непрежален Проески. Настанот ќе се случи во капелата Роков перивој во Загреб, веднаш по светата миса. Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин. Од дискографската куќа се сеќаваат на неговите зборови: „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“, и велат дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар.

Освојуваше со прекрасна насмевка и глас, но пред се, го красеше скромност. Дека љубовта е она кое треба да ги движи луѓето, секогаш нагласуваше дека е најважно, велат од „Хит рекордс“.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *