До недела попладне Владата ќе го испорача четвртиот пакет економска помош, најави премиерот Зоран Заев .Првичните очекувања тоа да се случи денеска попладне паднаа во вода бидејќи според Заев биле потребни дополнителни усогласувања. Денеска премиерот и економскиот тим ќе имаат уште една средба со Стопанските Комори, а веќе утре друг владин тим ќе се сретне со Синдикатите и работодавачите.

Буџетот е во кондиција повтори Заев и објасни дека Владата не смее да носи одлуки од сега па до месец март за кога како што најави ќе бидат развиени следни пакети. Во мерките како што потенцираше постојат и такви кои ќе важат дури до крајот на 2021 година.

„Имаме одредени продолжувања на аконтацијата заради тоа што ослободување од даноци или одредени други мерки кои уште сега треба да ги знаат компаниите за да може да ги предвидуваат и во февруари. Но големите мерки тоа што значи поддршка на плата со или поддршката на приватната потрошувачка со новите картички тие се најголемите пакети ќе се однесуваат до крајот на годината.“, вели Заев.

На прашањето дали во најпогодените сектори на вработените ќе им се плаќаат и придонеси за три месеци Премиерот одговори:„Има уште потаргетирани мерки. Намерата е да биде минималниот пакет минимална плата до 30 посто право на аплицирање , како расте погоденоста на секторот на компанијата ќе расте и целиот дел на помошта и ќе дојде до бруто минимална плата. А тие што се над 80 посто и тоа значи уште потаргетирано оти не патат сите од кризата исто .За оние што се помалку од 30 посто погодени имаме други механизми на помагање преку одложување на даноци, евтини кредити“, рече премиерот.

Неодамна претседателот на Организацијата на работодавачите Ангел Димитров за ТВ 21 укажа токму на оваа проблематика„
Поучени од последниот сет на мерки излезе дека владата обезбеди повисок износ на средства од тие што се доделија затоа што критериумите беа такви, добиваа само компаниите кои се навистина погодени, оние со над 30 посто пад на приходите, додека компаниите што имаа 26,27 посто не добија таква помош. И сега мислам дека и владата е свесна дека треба да има повеќе такви критериуми да можат сите компании да добијат одредена помош како во помошта да биде различна а не на сите да се даде да речеме 14.500 денари“, вели Димитров.

Премиерот се осврна и на најавениот закон за предвремено пензионирање за кој рече дека ќе важи подеднакво и за приватниот и за јавниот сектор но и покрај идните доусовршувања нагласи оти едно е дефинитивно, а тоа е задолжително пензионирање со 64 години, со можност за жени од 62 години .

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *