Чекаше.Долго чекаше.Со денови и ноќи, чекаше. Но, ни синот, ни ќерката, ни внуците не дојдоа. И Прочка помина. И Велигден ќе дојде.Дали тогаш ќе дојдат. Далеку во светот одлетаа.Велат неможеле да дојдат.Да.

Поради пандемијата не можеле да дојдат, да ја гушнат. Прошка да и побараат. Да ја видат. Рака да и бакнат и солзите да и ги избришат.Пуста пандемија. Пуста да остане. Кога ќе си замине?.Кога тие ќе можат да дојдат?. Ќе го дочека ли мајка тој ден?. Годините ја налегнале. Ќе издржи ли пак да си ги види најмилите. Ќе дочека ли синот,ќерката и внуците да ги прегрне.

Ќе дочека ли мајка. Судбини.Да.Судбини. Домаќинот си отиде. Не го испратија. Си замина со длабока тага.Остана сама.Секој ден седи до прозорецот и гледа во улицата дали ќе ги виде како идат. Секој ден чека!. Дали оваа мајка, како многу други мајки, ќе си ја дочека челатта! Да ги види.Да ги гушне. Ќе дочека ли!?

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *