Титаник потона далечната 1912та година, и како една од најголемите трагедии низ историјата, се уште е актуелен и истражуван. Дел од фактите кои произлегоа…долго време по тонењето се заплашувачки и језиви. Филмот направен по вистинска приказна го потресе светот. Меѓутоа, постојат факти и докази кои до сега не сте ги виделе на филмот, и не сте ги занеле, а се повеќе од интересни:

Денешните факти потврдуваат дека Титаник добил предупредување за близина на мраз, а сепак продолжил да плови со иста брзина кон мразот. Огрлицата Срцето на Океанот беше само зачинување на романтичниот момент во филмот Титаник, базиран на вистинскиот дијамант наречен Надеж. Набргу после промоцијата и приказната од филмот дијамантот дожеива своја креација од дијаманти од Сваровски, со 170 карати и 65 дијаманти. Бродот беше пуштен да плови со бродови за спасување за само половина од патниците на Титаник-20 бродови за спасување доволни за капацитет од 1178 луѓе.

Некои од бродовите кои беа пуштени за спасување беа полни само до половина. Помеѓу пријавените изгубени сопствености во несреќата, во Титаник беа загубени 3000 кеси пошта како и автомобил. Бродот имал затоплен базен-денес познатата сауна, кој што прв пат бил направен на брод. Титаник бил толку нов што дури и на денот на отпловувањето (10 Април, 1912година) на некои места бојата била сеуште свежа.

Секоја приватна кабина имала електрични светла и греење. Од 1523 луѓе кои загинаа при тонењето на Титаник, само 306 тела не беа целосно распаднати. Иако правилата за приоритет биле јасни – жени и деца да бидат први кои ќе бидат спасувани, сепак имало многу повеќе преживеани мажи. Капетанот Смит имал желба откако ќе доживее Титаник да преплови безбедно преку Атлантикот, да се пензионира. За жал, таа желба му остана неостварена.

За бродот: Трошоците за градењето на Титаник изнесувале 7,500,000 долари. Биле потребни три години за целосно завршување на величенствената градба. Капацитетот на Титаник изнесува 3547 патници, плус персоналот. Титаник тежел цели 46,328 тона. Должината изнесувала 268 метри. Бродот потрошил 825 тона јаглен, само за еден ден. Најголемата брзина на Титнаик изнесувала 23 јазли, односно 11.832 м/сек.

By admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *